Вести Македонија Топ вести

Нема нови случаи на морбили во штипскиот регион, ситуацијата се следи велат од Инфективна во Штип

Нема нови случаи на морбили во штипскиот регион, каде пред 10-тина дена се појави првиот случај на мали сипаници. Докторите од Инфективната болница во Штип велат дека деновиве кај нив биле донесени деца со исипи по телото, но по направените анализи, потврдено е дека не станува збор за морбили, туку за „варичела“, вообичаената крупна сипаница која децата ја прележуваат. Родителите испаничени од првиот случај, штом ќе забележат осип по телото на детето, веднаш ги носат во болница, велат докторите.

Но, засега потврдено е дека нема нови случаи на морбили, иако инкубацискиот период од 18 дена од првиот случај не се поминати.

13-месечно бебе од Свети Николе беше првиот случај со морбили. Комисијата за заразни болести се уште истражува како се заразило, со оглед на тоа што неговиот постар 6-годишен брат нема симптоми, и бил целосно вакциниран, а никој од неговата околина исто така не покажале знаци на болеста. Состојбата во земјава се следи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе