Вести Македонија

Бугарите и Македонците живеат најкратко во регионот

Граѓаните на Бугарија и на Северна Македонците имаат најкус очекуван животен век во регионот, а се ниско позиционирани и на европската листа, покажува анализата што ја објави веб-страницата „Landgeist“ базирана на податоци на Програмата за развој на ОН (УНДП).

Очекуваниот животен век на Бугарите е 74,9 години, а на Македонците 75,7. Следуваат Србите и Албанците со 75,8 години, Црногорците со 76,8, жителите на Босна и Херцеговина со 77,3 и Хрватите со 78,3 години. Најдлоговечни во регионот се Грците чиј очекуван животе век е 82,1 година.

Во Европа најкус животен век имаат Украинците 72 и Русите 72,4 години.

Најдолго, пак, живеат Италијанците 83,6, Шпанците и Швајцарците 83,4 години.

„Landgeist“ забележува дека има прилично голема разлика во очекуваниот животен век на луѓето во Западна и во Источна Европа. Посочува и дека гледано по региони најкратко живее населението во северозападна Бугарија 69,7 години и во јужна и источна Србија 71,9 години.

Најдолг животен век имаат луѓето во италијанскиот регион Тичино 85,7 и во шпанскиот Мадрид 85,4 години.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Си Џипинг денеска пристигнува во Белград

Дејан Дејан

На инаугурацијата на Путин нема да присуствуваат ЕУ, САД и Велика Британија

Дејан Дејан

Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе