Вести Македонија Топ вести

Вработените од Министерството и две установи од културата повторно побараа покачување на платите

Склучување на колективен договор и покачување на платите по принципот на Министерството за финансии и денеска побараа вработените во Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм, за време на протестот што се одржа пред Владата.

Претседателот на Синдикалната организација на УПОЗ при Министерството за култура, Бранко Костовски повтори дека нивното единствено барање е да имаат достоинствени плати.

Едноставно, не може човек а да не се праша, дали во државата во која владее правото, не треба секој подеднакво да ги ужива своите основни човекови права? Како може видлива група од 190 вработени во Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм да биде толку невидлива за надлежните во државата? Зарем егзистенцијалниот проблем на 190 вработени од секторот култура е прашање за кое не може да се најде решение, рече Костовски на денешниот протест.

Тој порача дека ќе продолжат со протестирање секој ден, се до исполнување на нивното барање кое, како што рече, се сведува на добивање согласност од Министерството за финансии, со што ќе се овоможи потпишување на колективен договор и конечно ќе се реши проблемот на вработените во секторот култура.

Едно сакаме да порачаме – отсуството на дијалог и немањето слух за вработените кои се грижат за развојот на културата, за хармонизацијата на политиките на културниот диверзитет, за културната интеграција е вовед во нешто друго. Не прифаќаме молчење и ќе бидеме тука секој ден, се до добивање согласност од Министерството за финансии, со што ќе овоможи потпишување на колективен договор и конечно ќе се дојде до решение за вработените во секторот култура, додаде Костовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска ќе се одржи инаугурацијата на рускиот претседател Путин

Дејан Дејан

Си Џипинг денеска пристигнува во Белград

Дејан Дејан

На инаугурацијата на Путин нема да присуствуваат ЕУ, САД и Велика Британија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе