Вести Македонија

Преку онлајн медиуми до родово базирано насилство

Се случува на Интернет, а жртвите се жени. Девојчињата и маргинилизираните групи се најранливи. Податоците од последното истражување загрижуваат, а Македонија не е изолиран остров. Речиси 85% од жените биле сведоци на насилството на Интернет, а скоро половина од нив  лично го доживеале. Стравот и срамот причина да молат.

-Сведоци сме на злоупотреба на Интернетот и дигиталните технологии за комуникација, за насилство врз жените, говор на омраза, саксизам, злоупотреба на фотографии и видеа. Жените и девојките се цел на навреди, а нивните фотографии се подложни на понижувачки сексуални дејствија  без согласност. Токму затоа наша заедничка обврска е да се бориме против ваквото кршење на човековите права на жените, вели Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика.

Со појава на социјалните мрежи дигиталното насилство е еднакво како и физичкото само не е доволно препознаено од младите. Постојат различни форми на родово базирано насилство од снимање на девојчиња и жени без нивна дозвола во јавен простор, демнење на Интернет, лажна порнографија, измами во онлајн просторот, лажно претставување и сајбердемнење. Најважна е едукацијата и подигање на свеста за насилството кај сите, а особено кај тинејџерките.

-Нашата цел е обезбедување на посилна превенција од насилство, санкционирање на истото, но и работа со сторителите на насилство со цел елеминирање на можноста повторно да се повтори делото, додаде Тренчевска.

Родово-базираното насилство врз жените и семејното насилство се гони и казнува. Новиот закон кој е на сила две години дава резултати, но најважно е преку него да се превенираат овие состојби. И покрај законската регулатива, судовите се полни со случаи, јавноста е сведок на се повеќе скандали во кои жртвите на дигиталното злосторство се млади девојки и жени. Интернетот е слободен простор, но кривичните дела се казливи со закон, предупредуваат невладините.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе