Вести Македонија

Пленковиќ: Македонија сама да реши кој модел на уставни измени и одговара

Дојден да и даде поддршка на Макеоднија европскиот пат, поточно на последниот чекор кој ја дели од отворањето на кластерите и фактичките преговори, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска не сакаше да го каже своето мислење дали хрватскиот Устав е применлив за уставните измени во земјава, оставајќи за тоа да се договорат македонските политички партии.

„Без разлика што се споменува овде хрватскиот модел, јас ќе ги споменам политички партии и институции на Северна Македонија, апелирам да се најдат решенија кои ќе бидат својствени за вашата земја“, изјави Пленковиќ.

Пленковиќ освен што им порача на македонските партии со консензус да ги решат уставните измени, им се обрати и од собраниската говорница за да им го пренесе искуството на Хрватска во носење тешки одлуки со консензус од сите партии во земјата на патот кон Европската унија, но и каков бенефитот денес ужива Хрватска од тоа.

„Денес од перспектива на земја-членка на ЕУ веќе 10 години, можам да кажам дека имаме на располагање 25 милијарди евра неповратни средства. Ова се средства, покрај буџетот, кои што ни даваат несогледливи можности за напредок. И ова е порака од еден ваш пријател, да знаете што следи кога ќе го завршите процесот на пристапување“, рече Пленковиќ

Македонската премиер пак денеска не каже дали отворено дали хрватскиот устав е прифатлив или не за него како модел за уставни измени во земјава.

„Има полиитчки партии коишто зборуваат за еден модел, а има политички партии кои зборуваат за друг модел амандмани, трети зборуваат за трети. Вие кажавте за хрватскиот, излезе друга политичка партија која што кажа за швајцарски, трета излезе со белгиски модел зборува, и затоа треба да се седне на експертско ниво за да се изработи предлог којшто одговара на македонското општество и којшто одговара на нашите закони и на она што ние го очекуваме од нашата иднина како идна земја-членка на ЕУ. Значи јас не кажав ни дали сум за нешто ’за’ или сум за нешто ’притив’“, рече Ковачевски.

Ковачевски денеска го одби барањето на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, за лидерска средба на која тој би образложи како може да се преслика хрватскиот модел за уставните измени во Македонија, велејќи дека лидерска средба не е институционален формат на носење на конкретни решенија.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе