Вести Македонија Топ вести

Прекината прекршочната постапка за клубот „Ванчо Михајлов“, згасна „Цар Борис Трети“

Основниот суд во Битола ја прекина прекршочната постапка за културниот центар „Ванчо Михајлов“ и претседателот Љупчо Георгиевски што ја поведе Комисијата за заштита од дискриминација. Судијата Хаџо Тариќ образложи дека постапката се прекинува, сè додека не се знае исходот од кривичната постапка што ја води битолското Обвинителство против Георгиевски за ширење национална омраза и ксенофобија преку компјутерски систем. Претседателот на бугарскиот клуб кој неодамна е избршан од Централен регистар, рече дека македонските Бугари се гонат за ванчомихајловистичка дејност како пред седум децении.

„Бендевска сака да ја врати Македонија во 1949 година, кога луѓето се судеја за ванчомихајловистичка дејност. Ние македонските Бугари не ги посакуваме тие времиња“, рече Љупчо Георгиевски.

Здруженито веќе поднесе жалба на одлуката на Министерот за правда за згаснување, а одбраната најави дека правдата ќе ја бараат во Стразбур. Убедени се дека ќе запре и кривичната постапка за  Георгиевски.

„Ние мислиме дека и таму ќе запре, бидејќи нема елементи за сторено кривично дело ксенофобија“, вели адвокатот Насер Рауфи.

Здружението, иако е избришано од Централен регистар, пред две недели, сепак, сè уште на седиштето стои таблата со името, што е една од причините поради кои Комисијата за заштита од дискриминација поднесе прекршочна пријава. Георгиевски рече дека чека документ за да ја отстрани, а од Бендевска пак ги повика институциите да постапат.

„Ќе има ли институција во овој систем што едно згаснато здружение ќе го натера да ја повлече таблата кое според мислењето на Комисијта за заштита од дискриминација беше главниот елемент на вознемирување на македонскиот народ и другите етнички заедници“, рече Весна Бендевска, претседателка на Комисија за заштита и спречување дискриминација.

По здружението „Ванчо Михајлов“, и културниот центар „Цар Борис Трети“ од Охрид утрово е избришан од Централниот регистар, откако министерот за правда Кренар Лога го потпиша решението со кое се забранува здружението да го користи името на оваа контроверзна личност, затоа што според мислењето на владината комисија именување на здружението со таков назив предизвикува тензии и нетолеранција во целото македонско општество.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе