Вести Македонија Топ вести

Кривичен во конфликт со Апелација и министерот Лога за тоа чии судии грешат повеќе или држат предмети подолго

Откако беше поништена првостепената пресуда за организаторите на 27-ми април, а министерот за правда, од политичка позиција, побара расветлување како е носена првичната осудителна пресуда и дали има намерни или ненамерни пропусти, утрово експресно реагираше кривичниот суд. На оние едно ниво над нив во Апелација им порачаа дека треба да престанат да глумат административци и да ја земат правдата во свои раце, односно да носат правосилни одлуки кај нив наместо што се сокриваат зад поништување и враќање назад на предметите.

„Ако сметате дека за Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски важи законот за амнестија, сте требале да го примените и да ги ослободите во нивен интерес за судење во разумен рок и да заштедите пари“, стои во соопштението на Кривичен, кој отвора конфликт во судскиот комплекс.

„Апелационите судии, наместо административно да ги враќаат предметите на докомплетирање или на повторно постапување и повеќе од една година да не постапуваат по истите, имаат Законска можност, но и обврска, мериторно да одлучуваат со што ќе допринесат во неселективната борба со организираниот криминал и брза и ефикасна правда што е заложба на целата држава и предуслов за Европскиот напредок“, соопштија од Кривичен суд Скопје. 

Апелациониот суд вчера соопшти дека ја укинал пресудата за организаторите поради тоа што Кривичен врз основа на расположивиот доказен материјал во недоволна мера ги расправил сите спорни околности и не ги утврдил со сигурност сите решителни факти за кривичното дело. Исто така не било земено предвид барањето, четворицата обвинети политичари да бидат амнестирани според законот донесен за крвавиот четврток. Министерот за правда Лога, пак, побара да се вклучи судксиот совет во утврдување зошто кривичните судии толку грешат според убедување на апелционите судии. И тој доби одговор од Кривичен.

„Апелираме да се внимава со избрзаните, непроверени и штетни изјави кои не одат во правец на издигнување на судството и судиите и градење на респектабилна репутација во општеството, напротив ја деградираат независноста и непристрасноста“, се наведува во соопштението на на Кривичен суд Скопје. 

Кривичен, исто така, повика да се разгледа зошто Апелациониот суд долго ги држи предметите без одлука која на крај е поништување од технички причини или поради суштествени повреди кои не се соопштуваат во јавноста. Предметот за организаторите на 27-ми, во Апелација дојде уште во декември во 2021 година.

„Мериторно не сме одлучиле, бидејќи има суштествени повреди поради кои пресудата мора да се укине и не се преиначува. Судовите не може да комуницираат на тој начин, да лоцираат вина еден во друг. Првостепениот суд треба да постапи по упатствата при повторно постапување“, одговорија од Апелацискиот суд.

Слично завршија и два предмети на СЈО каде обвинет беше Мијалков.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе