Вести Свет

Францускиот Уставен совет на 14 април ќе одлучува за уставноста на пензиските реформи

Уставниот совет на Франција ќе донесе одлука за уставноста на реформата на пензискиот систем в петок, на 14 април, „на крајот на денот, односно седум дена пред крајниот рок“, се вели во денешното соопштение на тој влијателен државен орган.

Кога станува збор за реформите на пензискиот систем, Уставниот совет или „советот на мудреците“ како што го нарекуваат во Франција, би можел да ја потврди усогласеноста на текстот на законот или да приговори на одредени мерки, односно да го цензурира текстот во целина, јавија француски медиуми.

Во меѓувреме, од кабинетот на француската премиерка Елизабет Бурн велат дека „палатата Матињон (премиерската резиденција) ги очекува синдикатите на почетокот на следната недела“ кои се подготвени да разговараат со извршната власт за реформата на пензискиот систем.

Лидерот на синдикатот на железничарите (SUD Rail) Ерик Мајер изјави дека нема да има крај на протестите доколку Уставниот совет не го поништи текстот на законот што беше изгласан во францускиот парламент.

Франција е единствената земја во светот која ја контролира уставноста преку посебен државен орган, Уставниот совет, кој не е ниту чисто судска, ниту чисто политичка институција, а одлуките што ги носи се конечни, извршни и обврзувачки за сите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе