Вести Македонија Топ вести

Во Македонија нема системска дискриминациија на етничките и расните заедници

Македонија има системска заштита на етничките и расните заедници. Комисијата за заштита од дискриминација ефективно ги спроведува граѓанските закони за антидискриминација, но спроведувањето на кривичниот закон по ова прашање е слабо. Ова го констатира годишниот извештајот на американскиот Стејт департмент за почитувањето на човековите права во Македонија во 2022 година, при што се наведува дека распространета дискриминација во општеството пријавила ромската заедница, за што имало препорака од Омбудсманот до институциите да преземат мерки за ублажување и превенција на дискриминацијата. Во извештајот, повикувајќи се на релевантни извештаи, се наведува дека постои и значително полициско малтретирање на ромската заедница.

Стејт департмент нотира и дека припадниците на помалите етнички групи продолжиле да се жалат на неправедна застапеност во владата и дискриминаторски практики што ги исклучуваа од политичко учество, додека Народниот правобранител известил за подобрување на правичната застапеност на помалите етнички заедници во јавната администрација, но не и на раководно ниво. Исклучок од тоа биле етничките Албанци.

Годинешниот извештај на Стејт департментот за состојбата со човековите права во земјава минатата година, констатира и дека силувањето е забрането со закон, но оти тој недоволно се спроведува. Извештајот ја нотира и забелешката на Народниот правобранител дека судските казни за осудените престапници биле премногу попустливи. Во извештајот се констатира и оти семејното насилство е констатнтен проблем во Македонија.

Насилството врз припадниците на ЛГБТКИ заедницата продолжило да биде проблем и во 2022 година. Извештајот притоа ги наведува пријавите на граѓанските организации дека властите и понатаму не успеваат адекватно да ги истражат и гонат случаите на насилство врз членовите на заедницата.

Во делот на правата за лицата со попреченост сенаведува дека тие и минатата година не можеле да имаат пристап до образование, здравствени услуги, јавни згради и превоз на еднаква основа. Нивните права се заштитени со Уставот и законот, но оти законските барања на овие лица не биле ефикасно спроведени.

Во Извештајот на Стејт департментот во делот на слободата на изразување се наведува дека таа во Македонија е уставно загарантирана и оти правата на новинарите и медиуми генерално се почитувале. Сепак, според новинарските здруженија владата покажала недостаток на капацитет за ефективно санкционирање на прекршувањата на правата на новинарите и заштита на нивната безбедност. Во делот на насилство и вознемирување се наведува дека имало случаи на закани и вознемирување на новининари во текот на 2022. Во Извештајот се наведува и истражувањето на  Платформата за истражувачко новинарство и аналитика, кое покажало дека 80 отсто од анкетираните новинарки често биле цел на онлајн вознемирување, закани и малтретирање, кои во повеќето случаи биле поврзано со нивната работа како новинарки.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бегалците од кондовската група упасени во Урошевац имаат и косовски пасоши?

Дејан Дејан

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

Дејан Дејан

Од утре стартува гласањето за двојните избори, ќе гласаат болните, немоќните и затворениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе