Вести Економија

Цената на нафтата на светските берзи продолжи да паѓа

Цените на нафтата на светските берзи паднаа 72 долари за барел, поттикнати од ставувањата дека проблемите во глобалниот банкарски сектор и потенцијалното зголемување на каматната стапка во САД, откако тоа веќе го направи и Европската централна банка, може да предизвикаат рецесија која пак би ја намалила побарувачката.

На лондонската берза цената на барел нафта со рок на испорака во април денеска на пладне беше пониска за 87 центи, за разлика од затворањето на пазарот во петокот, кога изнесуваше 72,10 долари за барел. Според тоа, минатата недела заврши со пад на цената на барел од 1,73 долари.

На американската беза цената на барел нафта, исто така со рок на испорака во април, денеска се продаваше за 85 центи помалку, изнесувајќи 65,89 доалри за барел. И таму минатата недела цената падна за 1,61 долар.

На крајот на минатата недела пазарите ги потресе продлабочувањето на кризата во банкарскито сектор во САД и Швајцарија. Инвеститорите стравуваат дека кризата би можела да ја втурне глобалната економија во рецесија, што ќе значи и помала побарувачка за фосилните горива.

Минатата недела швајцарските регулатори посредуваа во постигнувањето договор за превземање на Кредит Свис од страна на УБС, за да се обезбеди ликвидноста и да се заштити швајцарскито финансиски сектор.

Вчера централните банки на најразвиените економии, меѓу кои американскиот ФЕД, Европската централна банка, британската, швајцарската, канадската и јапонската централна банка, соопштија дека ќе ја засилат поддршката за осигурување на ликвидноста преку механизми за менување валути.

Но и покрај тоа, акциите на банките и цената на обврзниците денеска повторно паѓаат, сигнализирајќи дека довербата на инвеститорите сѐ уште не е обновена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе