Вести Македонија

Петрушевски: Искусни медицински сестри од болницата во Куманово набркани на улица за на нивно место да се вработат кадри на ДУИ

Четири искусни медицински сестри набркани од работа само затоа што се Македонки. Во Здравствениот дом во Куманово распишан оглас за вработување на 10 медицински сестри на неопределено. Локалните СДСМ и ДУИ се договориле 6 вработувања да бидат нови од ДУИ, а 4 од СДСМ, кои веќе 4 години работеле таму по договор.

Ова денеска го објави опозициската ВМРО – ДПМНЕ. Од партијата обвинуваат дека директорот, поставен од ДУИ си ги  вработува сите 10 партиски членови, а според извори на партијата, тоа го сторил со поделени 10 веќе решени тестови на тестирање, затоа што сметал дека сите 10 вработени треба да се Албанки.

– По овој настан, претседателот на ОО на СДС Тушевски доблесно си дал оставка, а пратеникот Костовски се крие и никаде го нема, велат од ВМРО – ДПМНЕ.

Додаваат дека сега нови и неискусни медицински сестри ќе ги вакцинираат децата и ќе вршат домашна посета, додека искусните ќе седат дома без работа, само затоа што не се од ДУИ.

Од ВМРО – ДПМНЕ ги повикаа надлежните институции да го испитаат случајот, да се поништи огласот и да се вработат стручни, квалитетни и искусни медицински сестри во Здравствениот дом Куманово.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе