Вести Македонија

Груби со бомбастична најава за утрешниот митинг на партијата во Чаир

Еуфорична најава на Артан Груби за утрешниот митинг на ДИУ во Чаир. На „Фејсбук“ напиша дека сите Чаирчани, млади и стари се на нозе, и зборуваат дека тој доаѓа.

– Ми недостигаше ваква мобилизација и еуфорија каква што се создава кога се очекува да дојде националниот лидер Али Ахмети во Скопје. Ветувам невиден спектакл, особено за младите. Не пропуштајте го зашто потоа барате да слушнете од другите како беше да се биде дел од историскиот митинг од кој ќе се гради иднината, напиша Груби на својата фан Фејсбук страна.

За партискиот митинг во Чаир официјална најава стигна и од ДУИ. Ќе се одржи во спортската сала „Шабан Трстена“ во Чаир утре во 19ч.

Во неколку јавни настапи прво Османи, а потоа и груби најавија дека за неколку месеци земјава ќе има премиер албанец, притоа истакнувајќи дека тоа им било ветено од претходниот премиер Зоран Заев, но поддршка за истото рекоа дека добиле и од сега актуелниот, Димитар Ковачевски.

Јавноста се посомнева дека се подготвуваат предвремени избори, но Артан во гостување на приштинска Коха објасни дека станува збор за дел кој се состои во Пржинскиот договор и со кој се предвидува три месеци пред секои избори земјава да ја води техничка влада на чие чело ќе застане премиер албанец.

Ваквиот потег доаѓа откако Ахмети за координатор на огранокот на партијата во Чаир го назначи Бујар Османи. На ова остро реагираше предводникот на „Огнените“ Изет Меџити, за кого митингот во чаир е собир на „Артанисти“.

Претходно собири со граѓани во повеќе населени места организираа и од „Огнената група“ а на еден од нив побараа и ТВ дуел со Артан за како што рекоа да ги соочат фактите, а народот да ја слушне вистината. Објавија и онлајн петиција со кога се бара разрешување на сите владини функционери од редовите на ДУИ.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе