Вести Македонија Топ вести

Нова одлука на владата за задолжително производство на евтин леб, овој пат ќе има казни за пекарите кои ќе ги ингорираат насоките

Владата најде начин да ги принуди пекарите да ги произведуваат двата типа на леб кои се со замрзната цена од 33 денари. Донесе одлука со која се наложува тие дневно да произведуваат и испорачуваат 80 отсто од количината на овие два типа на леб кои ги произведувале во декември минатата година. Со ова блокадата на пекарите веќе ќе може да се оквалификува како кршење на закон и инспекторатите е имаат можност да ги казнуваат.

Одлуката на Владата предвидува и трговците на мало кои продаваат леб да имаат обврска во структурата на дневната набавка на сите видови леб, да имаат најмалку 80 отсто од лебот со замрзнатата цена.

Сепак утрово рафтовите во скопските маректи на кои што тгребаше да стои лебот од 33 денари останаа празни.

Премиерот Ковачевски вели дека е разоичаран од однесувањето на пекарските компании.

А казните за пекарите и трговците доколку ја игнорираат владината одлука и продолжат да не ги произведуваат двата типа на леб со замрзнати цени се движат од  800 до 10 илјади евра во зависност од големината на фирмата и од 50 до 500 евра за одговорното лице во фирмата. Казните се пропишани со Законот за трогвија во членот  58 а се однесуваат на членовите 29 и 30.

Премиерот Ковачевски соопшти дека не се исклучува можноста Владата да донесе одлука за замрзнување на цените на други основни прехранбени производи.

Владата во вторникот донесе одлука со која ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб ја замрзна на 33 денари а пекарите  како одговор на одлуката престанаа да ги произведуваат овие два типа на леб.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе