Вести Македонија Топ вести

Медицинска сестра крадела цитостатици од Клиниката за онкологија

Вработена на Клиниката за онкологија крадела цитостатици од Клиниката, кои биле вредни илјадници евра, дознава „Слободен печат“ од свои доброупатени извори.

МВР  во својот билтен информираше дека вработената работи на Клинички Центар, вози „Рено Клио“ во кое возило биле пронајдени ампулите, но без да информира дека се работи за скапи лекови за најризичните групи пациенти, кои со месеци се жалат на нивен недостаток.

За конкретниот случај ќе има и судска постапка за кривично дело „послужување“, а непознато е во колкав временски период вработената ги крадела ампулите, најверојатно за препродавање.

Според „Слободен печат“ во вторникот наутро кај медицинската сестра кој работела во дневната болница на Клиниката за онкологија, со 10-годишен работен стаж, пронајдени биле 20-тина ампули од различни видови цитостатици. Кражбата била регистрирана претходниот ден на камерите во болницата. По распитот сестра се вратила дома и се предозирала со поголемо количество апчиња и била згрижена на Клиниката за токсикологија, од каде денеска е пуштена во добра здравствена состојба.

Клиниката за онкологија пред неколку месеци се соочуваше со претставки до народниот правобранител, од пациентки со канцер на дојка, кои што се жалеа дека не им е обезбедено правото на здравствена заштита, односно секој месец наместо да ги добиваат ампулите, тие ги добивале со доцнење, кое за нив може да биде животозагрозувачко. Стануваше збор за ампулите Херцептин, кои треба да се примаат на секој 21 ден, а пациентките беа доведувани во ситуација да ги прескокнуваат.

Екс министерот за здравство Беким Сали во една прилика откри дека Клиниката за онкологија е во финансиска дупка од 13 милиони евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе