Вести Македонија Топ вести

Ковачевски: Во уставните измени ќе бидат вклучени сите партии, Мицкоски: Со пиштол на глава не се постигнува ништо

Лидерите на најголемите партии немаат намера да се сретнат за да разговараат за уставни измени. Секој си останува на ставот, а дебатата која се најавува да почне од мај, ќе почне на експертско ниво. Премиерот планира да ги вклучи сите партии, но опозицијата категорично одбива.

За истражувањето кое покажа дека, евроскептицизмот расте, а големо мнозинство во Македонија е против условот Бугарите да бидат внесени во Преамбулата на Уставот за да продолжат преговорите за членство со ЕУ, Ковачевски рече дека ЕУ треба да ги дисциплинира сите свои земји членки (27 на број). Треба да им укаже да го осудуваат секое негирање по каква било основа, на македонскиот народ и на македонското општество.

Опозицискиот лидер, пак, вели дека владата, со ветувањето за внесување на Бугарите во Уставот сама создаде нерешив проблем.

Според истражувањето, уставните измени се неприфатливи за дури 80 отсто од Македонците, односно за 65 отсто од сите граѓани. Исто така, 59 отсто од симпатизерите на владејачката СДСМ се против вметнување на Бугарите во Уставот.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе