Вести Македонија Топ вести

Димитриевски во „Вин Вин“: На Куманово, како најголема општина, му требаат 100.000 евра дневно за нормално да функционира

Кога сите се во опозицијата, се борат за поголемо ниво на фискална и финансиска децентрализација, кога ќе дојдат на власт, се спротивни на претходните убедувања. Таков беше случајот и со ВМРО-ДПМНЕ, тоа беше случај и со некои мои партиски другари, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово, во вечерашното издание на „Вин Вин“ на Телма ТВ.

„Дел од нив беа носители на високи локани функции, потоа станаа носители на големи политички, државни функции. Куманово е најголема општина. Кумановци, по глава на жител на дневна основа за локалната самоуправа да функционира, имаат нешто помалку од 60 дена. Преведено во пари, тоа се 100.000 евра дневно да функционира образование, социјална заштита, детски градинки, старечки домови, значи сите пренесени надлежности. На Куманово му е потребно 250 милиони евра да ја среди подземната инфраструктура, да изгради фекална, атмосферска канализација во урбаните и дел од урбано-руралните средини и да обезбеди мрежа за водоснабдување во сите делови на приградските населби и поголемите села. Тоа значи дека ни се потребни пари за сериозно да се развиваме, но, бидејќи ги немаме, според мојата груба пресметка, наредните 20 буџети на општината исклучиво во изградба на фекална и атмосферска канализација, а да заборавиме на се останато“, рече Димитриевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе