Вести Македонија Топ вести

Одложено судското рочиште за кардиохирургот Жан Митрев – следното закажано на 5 април

Почетокот на судскиот порцес за кардиохирургот Жан Митрев закажан за утринава е одложен. Причината е да се докомплетира правниот тим на одбраната. Докторот ангажирал нови адвокати на кои им треба време да се запознаат со случајот. Одлучено е следното рочиште да биде на 5-ти април.

Д-р Жан Митрев беше присутен на денешното рочиште, и изјави дека очекува фер судење, и дека заедно со адвокатскиот тим ќе ја докажат вистината.

Од вчера, сметките на болницата се блокирани. Кривичниот суд донесе одлука сметките да се блокираат, со што клиниката не е во можност да работи. Од Клиниката уверуваат дека и покрај оваа одлука на судот, донесена на ден пред судското рочиште, пациентите кои се хоспитализирани нема да бидат оставени без соодвтен третман.

Измама е кривичното дело за кое ќе му се суди на докторот и сопственик на приватна болница Жан Митрев. Истрагата против него беше отворена по допрен глас, односно по објавувањето на истражувачката сторија на ИРЛ за неетичко користење на методот хемофилтрација кој претставува инвазивен метод за прочистување на крвта во лечење на пациенти од ковид-19 .

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе