Вести Македонија Топ вести

И судското рочиште за Пендиков одложено за 5-ти април

Одложено рочиштето за случајот Пендиков. Одбраната тврди дека немала увид во сите доказни материјали со кои располага обвинителот и побара во наредниот период да му се досволи да ги разгледа сите аудио и видео материјали поврзани со случајот.

Според адвокатот на првообвинетиот, Илија Спасески, целиот случај е премногу исполитизиран и според него не станува збор за меѓуетничка нетрпеливост. Тоа е така, рече, бидејќи токму таткото на Спасоски учествувал во спасувањето на бугарските државјани во несреќата со потонатиот брод Илинден.

Следното рочиште е закажано за 5 април.

Судскиот процес го води судијата Бојан Мартиноски, а на напаѓачот ќе му се суди за крвично дело напад од омраза со тешки повреди.

Основното јавно обвинителство – Охрид за нападот врз Пендиков поднесе обвинение против две лица. Едниот обвинет досега се бранеше со молчење и како што информираа претходно од Обвинителството, тој се товари за кривичното дело по увид во надзорните камери и изјави на сведоци. Вториот обвинет, пак, кој беше во бегство, беше приведен минатата недела во Битола.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе