Вести Македонија

Тешкиот живот на семејството Крстевски

Влага, пајажина и ѓубре заедно со нефункционален и стар мебел, вака изгледа домот на тричленото семејство Крстевски сите лица со посебни потреби. 39 годишниот Никола скршил рака, бил однесен во болница и по неколку дневниот престој таму вчера го вратиле со брза помош.  На ниски температури, слабо облечен Никола бил оставен на клупа пред влезот на зградата каде живее со изговори дека не можат да го качат до неговиот стан кој е на 4 кат бидејќи лицето има прекумерена тежина, а лифтот не работи. Додека Никола со часови седел надвор, соседите барале помош од полиција и брза помош, следувале низа неуспешни обиди, по што соседите бараа медиумска поддршка и видео снимката со апел за помош ја испратија до телевизија Телма. Тие  и денес пред камера сведочеја за тешкиот живот на семејството.

Да се сместат сите членови од семејството во некоја установа и  да организираат надлежните средување на станот, вели еден од соседите.

Молк за проблемот, се додека веста не дојде до министерката Тренчевска, која ги исконтактирала надлежните и потоа Никола бил сместен во својот дом. И додека надлежните институции си ја префрлаат топката чија одговорност е овој случај, Никола и неговото семејство се приморани да живеат во бедни и нечовечни услови. Овој тежок живот полн со дадени, но не реализирани ветувања од надлежните дека ова семејството ќе биде сместено во некоја установа или ќе бидат овозможени подобри услови во нивниот дом трае веќе десет години.

Министерката Тренчевска признава дека овој проблем е инстуционален и потребна е поголема кординираност за да не се повторуваат ваквите случаи.

Итната медицинска помош не била информирана од болничарите дека Никола е со прекумерна тежина и  лице со попреченост за да може да се организираат. Доколку има кординација меѓу службите нема да дојде до ваков случај, вели Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика.

Ова не е првпат некординираноста на институции да се прекршува над човечките судбини.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе