Вести Македонија Топ вести

Молдавија меѓу истокот и западот – дали Транснистрија е нов Доњецк и Луганск?

Може ли Молдавија да биде следна по Украина во плановите на Москва? – Рускиот претседател Владимир Путин, неколку часа по годишниот говор во Федералното Собрание, донесе одлука за поништување на декретот од 2012 година за поддршка на дел од молдавскиот суверенитет, во контекст на решавање на статусот на Транснистрија, сепаратистички регион кој се граничи со Украина и во кој има извесен контингент на руски трупи.

„Указот е политички документ кој ја спроведува надворешната политика на Русија“, изјави Александру Фленчеа, молдавски претседател на заедничката контролна комисија во сигурносната зона околу Транснистрија.

Со Декретот од 2012 година, Русија се обврза за изнаоѓање на начини за решавање на сепаратистичкиот регион, „врз основа на почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и неутрален статус на Република Молдавија“ во одредување на посебен статус за Транснистрија.

Руските сепаратисти се одвоија од официјален Кишињев во 1990 година, 12 месеци пред распадот на Советскиот сојуз. Таквиот потег го образложија со стравување дека Молдадија ќе се спои со Романија со која, главно дели, јазик и култура.

Новопрогласената независна Молдавија во 1992 година се соочи со кратка војна со сепаратистите. Меѓутоа, во 30-те години кои следуваа до денеска, не беа забележани насилства со „руските миротворци кои сè уште се распоредени на малото парче територија која не е меѓународно призната.

Вклештена меѓу Романија и Украина, Молдавија е една од најсиромашните држави во Европа на чие чело од 2020 година е претседателката Маја Санду која ужива силна поддршка од Европската Унија и САД. Официјален Кремљ минатата недела предупреди дека односите меѓу Русија и Молдавија се многу тензични и ги обвини властите во Кишињев за спроведување на анти-руска агенда.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе