Вести Македонија

Димовски: Не можеме да очекуваме да излезе од академијата добар кадар ако постојниот судски кадар ги едуцира

Академијата за судии и јавни обвинители во сите овие години ја следеа низа скандали и овој со случајот на синот на спикерот Џафери, е веројатно само последниот, смета новинарот Саше Димовски. Во вечерашното издание на Топ Тема на Телма, тој упати низа критики за Академијата за судии и јавни обвинители и за нејзиното функционирање.

Пред 4-5 години ги имавме лажните сертификати за познавање, односно непознавање на Англискиот јазик (афера која ја откри токму Топ Тема). И тоа беше голема бројка, од моите сознанија само 3 или 4 предмети завршија во Кривичниот суд со поднесени обвиненија, признанија на вина и таму се условни осуди од 6 месеци до 2 години услов, тој период веќе помина и тие веќе влегоа во судскиот систем, рече Димовски.

Рече дека иако странците, пред се Французите и Холанѓаните инсистирале на ваков модел на академија, таа покажала бројни слабости во многу работи.

Ништо од ова за кое до сега зборувавме не откри, напротив едукаторите останаа исти, значи ние зборуваме за доверба на судството во едноцифрена бројка, а истите судии кои се постојани, сега се едукатори на тие во академијата. И ние не можеме да очекуваме дури ни да излезе од академијата добар кадар ако постојниот судски кадар ги едуцира и им се ментори во текот на постапката. Затоа од првата генерација па наваму, немаше генерација која не беше врзана со некаков скандал. Ништо од ова не се процесуираше, се си остана така, луѓето судат, дел од тие акадамци од првата генерација веќе се судии на апелационите судови, и потенцијално, по години на стаж веќе од следната година ние ќе имаме и врховни судии од првата генерација на академиајта, вели новинарот Саше Димовски.

Смета дека треба сериозно да се разгледа дали овој модел на академијата и се што помина внатре треба да остане, или е потребен комплетно нов модел на академија, бидејќи и со досегашните кадри кои излегле од неа судството е оставено на нула.

Според претседателката на Државната комисија за спречување корупција, Билјана Ивановска, смета дека тоа е повеќе прашање на интегритет, отколку на способност.

Нас ни треба интегритет, каков и да ставиме ние модел на академија, на било што, во било кој сектор во државата вие имате корупција, зошто? Заради недостиг на интегритет кај луѓето. Не знаи дека тие немаат доволно знаење, не, јас мислам дека и знаат, и проблемот е дали имаат интегритет, додава претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

Димовски уште откри дека чепкајќи по биографиите на судиите нашол сличен пример на судија во Кичево, кој исто така полагал правосуден пред да дипломира.

Прво мислев дека станува збро за некаква техничка грешка, меѓутоа откако излезе оваа афера сфатив дека и овој судија, кој е судија речиси 10 години, го направил истото. Положил пред рокот и тој 10 години е во рамките на македонското судство, рече Димовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе