Вести Македонија Топ вести

БИРН открива: Во министерството на Груби лани исплатени хонорари од 160.000 евра

Министерството за политички систем на Артан Груби годинава има буџет од 4 милиони и 300 илјади евра или 4 пати повеќе пари од касата на Антикорупциска комисија и Финансова полиција. Сторијата која ја објавува БИРН под наслов „Скриени хонорари во министерството на Артан Груби“, открива дека во министерството се веќе  вработени 354 луѓе. Но, Груби годинава тимот го зголемува за уште 69 ново вработени. Сепак, и овие се малку, па преку авторски агенции за 1 година ангажирал дополнителен кадар надвор од вработените, за хонорар од 22 илјади денари до преку 300 илјади денари месечно.

На овој начин за хонорари во 2022-ра година, БИРН пресметале дека министерството на Груби исплатило околу 160 илјади евра.

Иако побарале, од БИРН, не успеале да добијат податоци за луѓето што биле ангажирани.  Во дописите нема опис зошто се ангажирани лицата. Наведен е само износот, а во описот на фактурата пишува „договорци“.

БИРН пишува и дека Груби плаќал и за консултантски услуги. Само преку една агенција за една година биле исплатени 7600 евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јужна Кореја го крена степенот на самоодбрана поради можните напади од страна на Северна Кореја

Дејан Дејан

Се враќаат старите цени за осигурување за регистрација на возила

Сашо Чавдаров

Како изгоре познатиот „Хари Потер“ замок по руските напади во Одеса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе