Вести Македонија

Нови дојави за бомби за првпат и во претседателската вила Водно

И денеска повторно лажни дојави за бомби на многу нови локации.

Во списокот на пратени мејлови за поставена експлозивна направа денеска за првпат се најде претседателската палата заедно со други објекти од јавниот и приватниот сектор меѓу кои некои трговски центри и медиуми. Од Министерството за внатрешни работи веднаш излегоа на проверки.

Овојпат многу нови локации на кои за првпат имаше дојави за бомби меѓу нив Музејот на град Скопје, Природнонаучен музеј, Аехеолошки музеј, Музеј на македонска борба, Спомен куќата на Мајка Тереза, ГТЦ, Ист гејт мол, ТЦ бисер, Џевахир, Управен суд, СЦ Борис Трајковски, Железничка станица-Скопје и на многу други локации.

Граѓаните велат дека ова најмногу влијае на учениците кои се исплашени и поради тоа не сакаат да одат на училиште. Некои, пак,  не веруваат во вистинитоста на заканите.

Мејл пристигна и до ТВ Телма, но не со закана за бомба туку со појаснување каде се вели дека нема да застанат со дојавите за бомби се додека корумпираната власт на СДСМ не се тргне. Властите веќе знаат што треба да прават, но тоа не го прават, а писмото беше пратено одамна порачуваат тие. Нагласија дека денеска жртви мора да паднат и ги пратија локациите на кои има дојави за бомби.

Веќе некое време стигаат вакви заканувачки мејлови, најчесто во училиштата, но досега сите дојави беа лажни.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Армијата на Мали потврди: Командантот на ИСИС е мртов

Дејан Дејан

Две деца загинаа при израелски воздушен напад врз куќа во Рафа

Дејан Дејан

ЈО спроведе истрага против лице осомничено за трговија со дрога

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе