Вести Македонија

Хакерскиот напад врз ФЗО се случува непосредно пред да се стави во функција новата заштита од сајбер напади, тврдат од фондот

Директор Фатон Ахмети во моментот користи годишен одмор за кој има решение, одговорија од ФЗОМ.

Објаснуваат дека подготовката за заштита од сајбер напади што ја спремале била на високо ниво. Фондот веќе бил спремен и требало да започне со миграција на клауд на примарна и секундарна локација на податоци.

Сајбер нападот за жал, се случува непосредно пред тие да се стават во функција. Фондот веќе бил спремен и требало да започне со миграција на клауд на примарна и секундарна локација на податоци, тврдат од фондот.

Во моментот кога се случува сајбер нападот во Фондот биле ангажирани 24/7 експерти од земјава и од странство за да го вратат во функција системот, што е можно најбрзо. Тоа се случи за 13 дена, што, според Фондот е неверојатно брзо, во споредба со просекот на светски статистички за сајбер инциденти на кои вообичаено се потребни 22-23 дена.

Оттаму инсистираат дека Фондот цело време објавувала точни и навремени информации како што ги утврдувале фактите.

Тоа е одговорно да се направи во ваква криза, а не да се шпекулира или да се замајува јавноста, или пак да се предизвика некој дополнителен хаос. Фокусот на Фондот бил да се врати функционалноста за која работеле 24/7 и како што се утврдувале точните информации – така се објавувале, се вели во соопштението на фондот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе