Вести Свет Топ вести

(Видео) Маж со комбе влета во група луѓе во Њујорк – еден загинат, седум повредени

Едно лице загина, две се во критична состојба, а други осум се повредени кога маж, кој возел пик-ап, неколку пати удрил во пешаци на различни места во Њујорк, соопшти локалната полиција.

Инцидентите се случиле во Бруклин. Возачот на изнајменото возило одбил да застане откако удрил неколку лица. Следела бркотница со полицијата, при што возачот удрил во уште неколку луѓе. Потоа бил приведен.

Од повредените тројца биле на велосипед, а двајца со електрични скутери, кои се главно превозно средство на продавачите на храна во градот.

Полицијата засега не соопштува ништо за идентитетот на извршителот на нападите, додека локалните медиуми јавија дека возачот има околу 60 години и е со азиско потекло. Тој им бил познат на органите за спроведување на законот, судските и здравствените власти во државата Невада.

Полицијата засега исклучи можност дека се работи за терористички напад.

Инцидентот се случи во моментот кога во Њујорк почна процесот против Узбекистанец кој на 31 октомври 2017 година намерно удри со својот пикап во пешаци, при што уби осум лица. Тој може да добие смртна казна. Истрагата потврдила дека тој дејствувал во име на терористичката Исламска држава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велипеток – најтешкиот ден во годината

Дејан Дејан

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе