Вести Свет Топ вести

(Видео) Хаос на Нов Зеланд – циклонот Габриел поплави патишта и куќи – луѓето скокаат од прозорци

Владата на Нов Зеланд третпат во својата историја прогласува вонредна состојба, откако циклонот Габриел предизвика поројни поплави, лизгање на земјиштето и огромни бранови низ Северниот остров.

„Времето е без преседан и во голема мера влијае на поголемиот дел од Северниот остров“, рече министерот за управување со вонредни состојби, Киеран МекАнулти. Национална вонредна состојба беше прогласена само два пати претходно – по земјотресот со јачина од 6,3 степени во Крајстчерч во 2011 година и во раните денови на пандемијата на коронавирус.

Големото невреме го опустоши Северниот остров, а нивото на водата толку многу се зголеми што градовите, патиштата се поплавени, а некои мостови се уништени. Некои граѓани биле принудени да пливаат од поплавените куќи за да се спасат. Без струја се околу 225.000 луѓе, за што претходно биле предупредени дека можно е да останат без електрична енергија со недели.

Најголема штета од невремето има на крајбрежните градови на северот и на источниот брег.

Во три-четири области има големи одрони, некои од нив широки 300 метри, кои уништиле се што им стои на патот. Водата уништи голем број дрвја кои паднале на коловозот, како и столбови за јавно осветлување.

Локалните медиуми јавуваат дека некои жители на заливот Хок морале да пливаат низ прозорците на нивните соби за да си го спасат животот. Многу луѓе побегнале на покривите, каде чекаат помош.

Властите информираа дека катастрофата и штетата предизвикана од невремето е нешто што се случува еднаш во сто години.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осигурителните компании разочарани откако им го укинаа поскапувањето за регистрација

Сашо Чавдаров

Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок – најтажниот ден во годината

Дејан Дејан

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе