Вести Македонија

Рочиштето за „Ласкарци“ повторно одложено – роднините на жртвите убедени дека се остварува сценариото од кое се плашат

Влошена здрвствена состојба е причината поради кој вештакот Зеќири Зекирија не дојде на денешното рочиште на кое требаше да продолжи да одговара на прашањата на обвинителот Дарко Јакимовски, кои до сега беа во насочени кон кредибилитетот на вештаците и дискредитација на вештачењето, а кое ја лоцира вината само кон на возачот на автобусот на Друмо Турс. За ова, усно била известена судијката која најави дека ќе побара, отсуството да го оправда со медицинска документација. Обвинителот не прифати да им  поставува прашања на другите присутни вештаци за да не го наруши концепт на испитување според кој денеска требало да продолжи со финалните поенти и изрази сомнеж за отсуството на вештакот.

Коректно е тој лично да ве извести како суд. Имам основана причина да се сомневам дека ова е договорена работа, другите вештаци да се тука, а тој да не е тука, рече  Дарко Јакимовски, обвинител. 

И родните на жртвите се сомеваат дека се реализира сценариото од кое се плашеле.

Адвокатите на обвинетите сметаа дека судењето треба да продолжи со сослушување на присутните вештаците а судијката рече дека ако и на следното рочиште не дојде вештакот Зекири обвинителот ќе мора да продолжи со другите вештаци за да нема одложување.

Од првото рочиште кога почна сослушувањето на вештаците обвинителот  инистираше да го испрашува вештакот Зеќири кој е со највисока титула и иако Јакимовски се противеше судијката дозволуваше другите вештаци да го надополнуваат Зеќири со образложението дека тие како тим го изготвувале супер вештачењето.  За тимското одговарање на вештаците реагираа од Коалицијата сите за правично судење чии набљудувачи го следат процесот. Велат, тоа е спротивно на ЗКП.

Во понеделник поминуваат 4 години од сообраќајката кај Ласкарци во која животот го загубија 16 патници, а 37 беа повредени. Година и 3 месеци судењето беше во застој откако судијаката му нареди Бирото за судски вештачења да изврши супер вештачење.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски во посета на штабот на Вреди – со Таравари разговарале за агенда и принципи за можно коалицирање

Дејан Дејан

Бегалците од кондовската група упасени во Урошевац имаат и косовски пасоши?

Дејан Дејан

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе