Вести Македонија

Среде трговски центар 15-годишен малолетник избодел друго момче во расправа за девојка

На 31.01.2023 во 14.30 часот во трговски центар на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода 15-годишник од Скопје. Околу 14.05 часот, по кратка расправија и недоразбирање поради девојка, тој со нож му нанел повреда на М.А.(18) од с.Зелениково, скопско, при што бил забележан и задржан од полициски службеник од Полициската станица Центар. Од него бил одземен ножот, а повредениот М.А. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била констатирана телесна повреда. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе