Вести Македонија Топ вести

Реакција на граѓани: Автокоманда е префрлена од „железарско“ парно на топлана „Исток“, попладнево на протестен собир на „Коцка“

Досега од т.н. „железарско“ парно, од сега од топлана „Исток“. Граѓани од скопска Автокоманда се обратија до Телма ТВ со реакција дека населбата во која живеат била префрлена од еден на друг извор на топлинска енергија без притоа да бидат информирани. Трансферот, според нив, бил извршен тајно за да се избегнале протести и блокади, одговор каков што добил еден од нив во јавувањето во ЕСМ да праша зошто не биле известени за промената.

Како последица на тоа, обвинуваат тие, поголем дел од населбата во текот на вчерашниот ден (31 јануари) била без парно греење, во попладневните часови било млако, за, како што велат, да биде исклучено во 22 часот.

Тоа е причина за одржување на протестен собир попладнево кај популарната „Коцка“ во центарот на градот, во знак на револт што ќе бидат принудени во иднина да плаќаат повисоки сметки за испорачана топлинска енергија, но, како што велат, и поради недостиг на информации.

Во врска со проблемот, на Фејсбук се огласи и градоначалникот на Општина Гази Баба, Боби Стефковски кој напиша дека испратиле официјално барање до ЕСМ за објаснување на новонастанатата ситуација, меѓутоа, како што истакна, „до денеска – 1 февруари немаат добиено одговор“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Советникот на Зеленски бара да се усвои одлука за враќање на воено способни мажи во Украина

Дејан Дејан

Пропалестинските протести ги зафатија австралиските универзитети

Дејан Дејан

Велипеток – најтешкиот ден во годината

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе