Вести Свет

Масовни протести на синдикатите во Франција против реформата на пензискиот систем – регистрирани помали инциденти

Во најголем дел мирниот и масовен протест на француските синдикати против најавената реформа на пензискиот систем на државата, заврши вечерва со неколку инциденти и тензии во главниот град, Париз.

Помалите судири и солзавецот кој го употреби полицијата се случија на крајот на масовните мирни протестни собири, но драстичните разлики на ставовите на двете страни, синдикатите и претседателот Макрон околу неговиот план за зголемување на старосната граница за пензионирање се продлабочуваат и зголемуваат.

Стотици илјади луѓе излегоа на улиците на голем број француски градови, изразувајќи го бесот и незадоволството од плановите на конзервативниот лидер на државата Емануел Макрон и неговата влада.

Владата соопшти дека мобилизирала повеќе од 11 000 полицајци да ја одржуваат безбедноста во текот на протестите.

Макрон е решен да го спроведе својот план, додека синдикатите и пратениците од левицата најавија жестока борба против неговата намера да го протне законот со кој наместо на 62 години, француските граѓани треба да одат во пензија на 64 години.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе