Вести Македонија Топ вести

Спасовски: Луѓе од иста групација се и оние кои што тепаат и оние кои што се тепани

Една недела по претепувањето на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, истрагата тивка, додека овој кривично-правен настан ја зоврива политиката, а односите меѓу Макеоднија и Бугарија секојдневно се заоструваат. Трошки информација од министерот за внатрешни Оливер Спасовски кој во интервју за „Утрински печат“ тврди и Христијан Пендиков и напаѓачите биле од иста групација. На која група и припаѓаат не објасни, но тврди дека овој настан е дел од хибридна војна и сценарио со цел да се нарушат односите меѓу двете земји, а зад кое стојат ретроградни сили и неодговорни политичари.

„Ако погледенеме во последниот случај во Охрид . Луѓе од иста групација се и оние коишто тепаат и оние коишто се тепани. Тоа ја докажува таа хибридна војна. Секое инкриминирачко дејство кое што се прави државата реагира во овој дел и ние кажуваме дека не може во ниту еден момент, ниту еден граѓанин, без разлика на национална, верска, политичка и било која друга припадност да биде физички нападнат и да биде малтретиран. На тоа државата јасно ќе се спротивстави и ќе преземе мерки какви што презема и во овој случај“, изјави Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

Од обвинителството повоздржани. Официјано водат истрага за еден напагач за кривично дело тешка телесна повреда. Кои се мотивите за нападот од обвинителството велат дека сè уште се утврдуваат. Сведоците кои се сослушуваат, освен за другите околности, се испитуваат и за мотивот велат од обивнителството за Телма.

„Во исто време се преземаат интензивни дејствија за целосно испитување на настанот и за идентификација на други евентуални сторители“, одговорија од Јавното обвинителство.

И софиското обвинителство почнало предистрага, но за смртни закани кон Пендиков. Како што јавува БГНЕС, тој поднел пријава до министерството за внатрешни затоа што добил заканувачка порака на македонски јазик на социјалните мрежи, но и дека неговата слика била објавувана на интернет со повици за насилство против него.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јужна Кореја го крена степенот на самоодбрана поради можните напади од страна на Северна Кореја

Дејан Дејан

Се враќаат старите цени за осигурување за регистрација на возила

Сашо Чавдаров

Како изгоре познатиот „Хари Потер“ замок по руските напади во Одеса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе