Вести Македонија Топ вести

Милков: Бугарија ќе бара со документ да им се обезбеди пристап на Бугарите во Северна Македонија за 4-ти февруари

Бугарија ќе бара со документ да им се обезбеди пристап на Бугарите кои патуваат во Северна Македонија за да се поклонат на споменикот на Гоце Делчев на 4 февруари. На настанот ќе учествуваат и претставници на бугарската амбасада.

Ова го соопшти бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков на брифинг на кој извести за сработеното на МНР за време на мандатот на преодната влада, извести БНТ.бг.

  • „На социјалните мрежи во Северна Македонија се организираат блокади на патот кон Скопје против бугарските неонацисти. Клучно е да се обезбеди безбедност на Бугарите таму. Обезбедувањето непречено оддавање почит  на 4 февруари е елемент на тоа. Сакаме да постигнеме деескалација. Ние не бегаме од таков дијалог. Нашиот премиер ќе има телефонски разговор со македонскиот премиер Ковачевски, а еден од главните елементи ќе биде обезбедувањето на безбедноста на бугарските граѓани воопшто, како и за тоа што ќе се случи на четврти февруари. Ние се залагаме за таква деескалација, не треба да се вратиме на ситуацијата од пред една недела, бидејќи тоа би било конкретизирање на репресијата“, посочи Милков.

Според Бугарскиот шеф на дипломатијата, доколку Северна Македонија го попречи пристапот на бугарските граѓани, тоа би било без преседан.

  • „Ако тоа се случи, тоа ќе биде без преседан. Немам информации дека две земји-членки ги прогласиле своите граѓани за персона нон грата. Ова ќе биде без преседан и ќе бара одговор без преседан. Андреј Ковачев е известувач за РСМ во ЕП. “, потсети тој.

Обвини дека Бугарите и луѓето со бугарска самосвест немале доверба во македонските институции, а поплаки што ги поднесуваат не се разгледуваат или ако се разгледаат добиваат негативен резултат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе