Вести Македонија Топ вести

Хоророт започнал на Инстаграм, а тортурата траела една година – петмина под истрага за силување на малолетничка и снимање порнографија

Доказите се собрани и пет лица се под истрага за силување на малолетничка и снимање порнографски материјал. Повеќе од една година траела тортурата, а сѐ започнало со мобилен телефон во рака. Апликацијата Инстаграм е местото каде што првоосмоничениот, 25 годишен велешанец, разменувал пораки и ја стекнал довербата на 14 годишната жртва.

Комуникацијата траела повеќе недели и била интензивна – со што жртвата веќе била доведена во заблуда дека ќе започне љубовна врска со момчето. Уште на првата средба бил направен порнографски материјал кој потоа бил користен како закана и се присилувало девојчето да доаѓа на други средби – или ќе се појави или сите ќе го видат снимениот материјал од претходно.

„Првоосомничениот го принудувал детето – жртва во повеќе наврати да оди во станови што биле изнајмувани на повеќе локации во Велес. На средбите присуствувале осомничени и други машки лица, кои прво конзумирале наркотична дрога и алкохолни пијалоци, па во таква состојба вршеле полови дејствија врз жртвата и користеле сексуални услуги, иако знаеле дека малолетното дете е жртва на трговија со луѓе“, велат од Основно јавно обвинителство.

Сторителите се на возраст од 25 до 32 години, четворица од нив од ист град – Велес, а еден од Тетово. По наредба на велешкиот суд, извршен е претрес во дом и други простории кај осомничениот кој го изготвувал порнографскиот материјал. За четворица од осомничените е одреден затворски притвор, а еден доби куќен притвор. Одделот за сузбивање на организиран криминал во МВР поднел кривична до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, за сторено кривично дело „трговија со дете“. За вакво дело е предвидена затворска казна од најмалку 8 години според Кривичниот законик.

 Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе