Вести Македонија

Бугарските власти најавија дека во понеделник во Скопје ќе договараат мирно чествување на Гоце Делчев

Чествувањето на Гоце Делчев на 4 февруари телефонски ги спои премиерите на Македонија и Бугарија, Галаб Донев и Димитар Ковачевски.

Тие денеска разговарале за непречено и мирно одбележување на 151 година од раѓањето на револуционерот, соопшти бугарската влада, за што в понеделник бугарскиот министер за внатрешни работи, Иван Демерџиев и првиот човек на бугарската национална безбедност, Пламен Тончев, в Скопје ќе разговараат со своите колеги.

Тие со своите македонски колеги треба да договорат заеднички активности за мирно и безбедно одбележување на 4 февруари.

Донев и Ковачевски меѓу другото разговарале и за соработка во делот на безбедноста особено во случаите на криминални дејствија или закани врз македонски граѓани со бугарски идентитет.

Притоа Донев очекува Македонија, да ги преземе неопходните активности за ставање крај на говорот на омраза и злосторствата, како и за почитување на правата на македонските Бугари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе