Вести Свет Топ вести

Низ цела Украина прогласена воздушна тревога, над Киев соборени дронови

Низ цела Украина утрово е прогласена воздушна тревога, а во некои региони е исклучена струјата поради страв од напади.

Во текот на ноќта над Киев беа соборени 15 дронови, соопштија градските воени власти.

Украинската армија додаде дека Русите ноќеска извршиле неуспешен напад со дронови врз главниот град на Украина.

Како што пишува Киев пост, Украинците тврдат дека биле соборени 24 ирански дронови, односно сите кои Русите ноќеска ги лансирале.

Белата куќа соопшти дека САД донеле одлука на Украина да и достават 31 борбен тенк Абрамс и смета дека тие „ќе имаат ефект“, но предупреди дека американскиот народ треба да се подготви дека САД „ќе мора да продолжат да ја поддржуваат Украина уште некое време.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, ги даде коментарите на брифингот во Белата куќа, набргу откако претседателот Џо Бајден ја објави својата одлука, менувајќи ги повеќемесечните упорни аргументи дека тие се премногу тешки за украинските трупи да работат и одржуваат.

Одлуката дојде откако Германија се согласи да испрати 14 тенкови Леопард од сопствените резерви.

Претходни испорака на тенкови од типот „челинџер“ најави и Велика Британија, а можноста од воена поддршка во тенкови не ја исклучи и Франција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осигурителните компании разочарани откако им го укинаа поскапувањето за регистрација

Сашо Чавдаров

Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок – најтажниот ден во годината

Дејан Дејан

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе