Вести Свет

Меѓународните претставници во Приштина и во Белград ќе разговараат за продолжување на дијалогот меѓу двете земји

Специјалните претставници на Европската унија и САД за Западен Балкан, Мирослав Лајчак и Габриел Ескобар и советниците на лидерите на Германија, Франција и Италија, денеска пристигнуваат во Белград, каде ќе разговараат со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави белградската новинска агенција Бета.

Се очекува главна тема на разговорите да бидат натамошните чекори во дијалогот меѓу Белград и Приштина и француско-германскиот план за Косово, кој ЕУ го усвои.

Лајчак, Ескобар, советниците на францускиот претседател, германската канцеларка и италијанскиот премиер Емануел Бон, Јенс Плетнер и Франческо Марија Тало пристигнаа во Белград од Приштина како дел од засилените дипломатски напори на Западот за нормализирање на односите меѓу двете земји. Петмината денеска во Приштина ќе се сретнат со премиерот на Косово, Албин Курти, а попладне во Белград ќе се сретнат со Вучиќ.

Вучиќ вчера изјави дека очекува „тешки разговори“, а на прашањето со каков план доаѓаат, со оглед на „црвените линии“ на Белград, рече дека доаѓаат „со план што ги интересира“.

  • „Тие доаѓаат со план кој ги интересира, тие се сила, тие се големи, ние сме мали. Затоа разговорите ќе бидат тешки“, рече Вучиќ.

Една од целите на посетата, како што неодамна изјавија дипломатски извори во Брисел, е да се подготви следната рунда на дијалогот и средбата на највисоко ниво меѓу Вучиќ и Курти.

Вучиќ и Курти последен пат се сретнаа во Брисел во ноември 2022 година, во екот на тензиите во северно Косово. Заедно со Лајчак, специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, и Ескобар, заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник на Стејт департментот за Западен Балкан, се Емануел Бон и Јенс Плетнер, советниците на францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц. Во септември 2022 година, Бон и Плетнер беа тие што на Вучиќ и Курти им го предадоа таканаречениот француско-германски предлог за нормализација на односите, што е основа за преговорите.

Денешните средби ќе бидат први на кои ќе учествува Италија, бидејќи Франческо Марија Тало, советник на премиерката Џорџа Мелони, ќе разговара и со Курти и Вучиќ. Приштина и Белград овој месец ги посетија специјалниот советник на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле и британскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Стјуарт Пич.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе