Вести Свет Топ вести

(Фото) Српскиот амбасадор во Мароко сам си пливаше по крстот во Рабат

Српскиот амбасадор во Мароко. Иван Бауер вчера „симболично“ пливаше по крст за Богојавление. Веста беше првично објавена на официјалниот профил на институцијата, за набрзо потоа, поради негативни коментари, да биде избришана.

На фотографиите не може да се види дали Бауер имал конкуренција, но допливал прв до крстот.

На официјалниот налог на амбасадата на социјалните мрежи, но и на неговиот приватен профил, е наведено дека температурата на водата била 16 степени. Твитот набрзо беше избришан, но информацијата не мина незабележана од корисниците на социјалните мрежи.

„Амбасадорот на Република Србија во Кралството Мароко, Иван Бауер присуствуваше во Руската православна црква во Рабат, на служба по повод Богојавление. Потоа, амбасадорот Иван Бауер симболично пливаше за светиот крст. П.С. Температурата на водата е 16 степени“, пишуваше во објавата на Твитер.

Бауер е назначен за српски амбасадор во Мароко во јули во 2021 година, како кадар на партијата СДПС на чело со Расим Љаиќ. Исто така е поранешен телевизиски водител и поранешен пратеник на Социјалдемократската партија на Србија. Беше водител на популарниот квиз „Музичка сложувалка“, а потоа и на квизот „Сам против сите“. Од 2008 година, како што објавија српските медиуми, е вработен на Факултетот економија, финансии и администрација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осигурителните компании разочарани откако им го укинаа поскапувањето за регистрација

Сашо Чавдаров

Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок – најтажниот ден во годината

Дејан Дејан

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе