Вести Македонија Топ вести

За влез на Македонија во ЕУ до 2030 потребен е консензус и решавање на приоритетните задачи

Визијата за Македонија – членка на ЕУ во 2030-та е можна. Потребно е тоа да биде консензуален проект во земјата и да се искористи импулсот во преговарачкиот процес.  Или, „Вашата иднина е во ваши раце“, како што рече евроамбасадорот Дејвид Гир.

Се согласува дека тоа е суверена одлука на оваа држава, но потсетува дека за да продолжи преговарачкиот процес со ЕУ и за да се отворат поглавјата, мора да се направат уставни измени.

Не е реалистично да се мисли дека овој чекор може да се избегне, а пристапниот процес магично да продолжи. А кога ќе ја видите суштината на прашањето, тешко може да се разбере зошто некој би се противел. Државата веќе има позитивен однос кон прашањата на малцинствата. Не го губите идентитетот, јазикот, историјата – на патот кон ЕУ. И не можам да ветам дека е реалистично да се надеваме повторно да се преговара за договорот до кој тешко се дојде, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир.

Претседателот Стево Пендаровски смета дека нема голем маневарски простор да помогне во тој процес, со оглед на „вкопаните“ ставови на опозицијата, иако – промената на Уставот е врвен политички приоритет.

Средбата кај Рама во Тирана според Пендаровски е добронамерна, не е „антимакедонска“ и не е поврзана со уставните измени, бидејќи сите повикани партии се „за“.

И министерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ побара консензус, реформи и негубење време.

Според сегашниот распоред на политичките сили во Парламентот, менување на Уставот не е можно без ВМРО-ДПМНЕ. Опозициските пратеници се непоколебливи дека тоа не смее да се случи и дека ова не е година за уставни промени туку за предвремени избори.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се знаците за високиот шеќер во крвта?

Дејан Дејан

Армијата на Мали потврди: Командантот на ИСИС е мртов

Дејан Дејан

Две деца загинаа при израелски воздушен напад врз куќа во Рафа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе