Вести Македонија Топ вести

Скратениот буџет ги стави во мирување дописништвата на МИА во Брисел, Атина и Вашингтон

Од 1 јануари дописништвата на МИА во Брисел, Вашингтон, Атина се ставаат во мирување на неопределено време, поради „недостиг на финансиски средства“, се вели во образложението од одлуката која ја донел Управниот одбор на МИА на седницата одржана на 19 декември.

Недостигот на финансии е резултат на кратењето на средствата за МИА со државниот Буџет за 2023 година.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразува жалење поради одлуката на АД МИА за ставање во мирување на неопределено време на дописништвата во Брисел, Атина и Вашингтон, како и за најавите за непродолжување на договорите за соработка на дописниците од другите европски градови.

Свесни сме за економската криза, односно за мерките за штедење кои беа наметнати на државните институции и претпријатија, меѓутоа се надеваме дека ќе се направат напори и ќе се изнајдат начини во најкус можен рок дописништвата да не престанат со работа. Сметаме дека не смее да биде дозволено државна новинска агенција, како што е МИА, да нема свои дописници во едни од најважните главни градови во светот, особено во овој период на комплицирани и предизвикувачки меѓународни односи во светот, се наведува во денешната реакција на ССНМ.

Од Синдикатот потенцираат дека особено е важно македонските граѓани да бидат објективно и навремено информирани директно од новинари кои се на местото на случување, особено за процеси како што се на пример пристапувањето кон Европската Унија, како во Брисел, така и во другите главни градови на земјите членки на ЕУ.

Со ваквата одлука на МИА предизвикана од одлуката на Владата за штедење директно се влијае и на несигурноста на работните места на новинарите и медиумските работници, но и врз стандардите и нормите за објективно и професионално известување за случувањата во светот. Владата, како основач на МИА и контролор на нејзината работа, треба да води особена грижа за присутноста на државната новинска агенција во важните светски центри, и затоа ја повикуваме Владата да изнајде модус за понатамошно соодветно и комплетно функционирање на овој медиум, се додава во соопштението на ССНМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе