Вести Македонија Топ вести

Сашо Мијалков недостапен за судот – поштарска грешка или судско-затворски пропуст?

Полна судница, редовно рочиште еден обвинет недостига. Сашо Мијалков останал во Струга во затворот каде ја одлежува затворската казна.

Затворската управа тврди дека не добиле барање за спровод за денешната расправа за предметот „Титаник 2“. Кривичниот во Скопје го демантира затворот со документот кој го испратиле на 13- ти овој месец.

„Судијата Огнен Ставрев уредно ја покажа повратницата дека затворот во Струга го примил барањето за спровод на 14.12 ти 2022 за обвинетиот Сашо Мијалков. Затворот во Струга има примено наредба за спровод на обвинетиот на денешната дата.“ – тврдат од Основниот суд Скопје 1

Директорот на затворот во Струга, Ваљон Ќула негира дека имаат добиено ново барање, а последното им е доставено за рочиштето на 12-ти Декември. Но, по излегувањето на официјалниот документ од судот, Ќула не одговара на понатамошните прашања.

Во утврдување на вистината се впушти и управата за извршување на санкции и нареди вонреден надзор со цел да се утврди фактичката состојба поради која обвинетиот Сашо Мијалков денеска не е спроведен од затворот Струга на судење за случајот „Титаник 2“.

„Ќе се утврдува одговорност и ќе бидат санкционирани сите кои направиле пропусти, намерни или ненамерни. За извршениот вонреден надзор, јавноста ќе биде дополнително информирана“ се наведува во соопштението од Управата за извршување на санкции.

За предметот се отвораат дополнителни прашања со оглед дека единственото кривично дело на Мијалков во „Титаник 2“ застарува за околу 4 месеци, и потоа не може да биде гонет.

Кривичниот суд во 2019 го осуди поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, за примање награда за противзаконито влијание.

Во декември истата година Апелациониот суд ја укина пресудата поради суштествени повреди на постапката и случајот го врати на повторно судење. Не стивнуваат и скандалите со осудениците во затворот во Струга. Според, извештајот на Хелсиншкиот комитет, нивни  тим се обидел да оствари посета во овој затвор за условите во кои престојуваат осудениците.

Иако побарале добиле одговор дека во две соби нема пристап затоа што обвинетите со себе ги носеле клучевите од собите кога заминувале на работа. Во својот извештај Хелсиншкиот комитет не наведува имиња, за чии соби станува збор.

Телма дознава дека станува збор за соби на виосоко профилирани затвореници а оваа пракса се провлекувала подолг период.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Русија ќе произведува лимузини за Путин во старата фабрика на Тојота

Дејан Дејан

Додека ги служело здравје оделе на гласачки места, сега гласаат во домашни услови – за 76-годишната Слободанка и 81-годишната Митра гласањето останува свечен чин

Дејан Дејан

Украински полковници учествувале во руски заговор за атентат на Зеленски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе