Вести Македонија Топ вести

Пендаровски: Нема правда без судии, обвинители и актуелни политичари во затвор

Долгогодишни затворски казни за криминалците во затвори од затворен тип и враќање на украденото, за да не градат имиџ на доблесни граѓани и да ги исмеваат сите останати од безбедна дистанца,  побара  претседателот Стево Пендаровски од собраниската говорница. Во редовното годишно обраќање пред пратениците, тој  укажа дека, нема правда без актуелни политичари во затвор, но дека истото треба да важи и за луѓе од правосудството.

Поради невладеењето на правото и немаштијата, според него, белата чума ја десеткува нацијата, најголемата опасност за националната безбедност станува демографијата. Пендаровски ја истакна својата загриженост за нефункционалноста на институциите во државата, клиентелизмот и партиската лојалност како критериуми за вработување и напредување во кариерата, што не` следат веќе 31 година, од независноста наваму. Потсети и за негрижата за македонскиот јазик, од која, рече, доаѓа поголема опасност отколку од бугарските напади. Смета дека, апсолутно не постои начин од Македонец да направиш Бугарин, особено не е можно со договор да биде сменето националното чувство на еден цел народ. Затоа, побара да се изгласаат уставните измени, иако и самиот вели дека, никој не може да даде гаранции дека тоа ќе биде последното барање кон нас во процесот на преговори.

За отворањето на бугарските клубови рече дека, е временски темпирана и организирана активност која не придонесува кон градењето на доверба. Клубови, рече, може да отвораат каде сакаат и колку сакаат, но со почитување на македонските закони. Побара од владата да направи чекор кон обединување и да ги вклучи опозицијата и  граѓанските организации во процесот на преговори за ЕУ, затоа што, како што рече, тие сигурно ќе го надминат мандатот на една влада, а ако не се собере целиот експертски потенцијал на едно место, ќе траат подолго. Порача и дека, Европа не смее да дозволи Западниот Балкан да го држи во фокусот само кога има војни или мигрантски кризи, затоа што поддршката за Унијата меѓу граѓаните драматично опаѓа, се наоѓаме на критична точка и ова е последната шанса да се сочува мнозинската поддршка.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе