Вести Македонија Топ вести

И убиени српски криминалци и нивниот егзекутор имале од лажните македонски пасоши опфатени со случајот Двојник

И убиени српски криминалци и нивниот егзекутор имале од лажните македонски пасоши опфатени со случајот Двојник.

На последното рочиште на судењето во Белград против озлогласената криминална група на Вељко Беливук, повторно беа спомнати македонските пасоши. Сведок-соработник тврди дека мафијашкиот егзекутор Љубомир Лаиновиќ во јануари 2020-тата година во Македонија добил лажен македонски пасош. Спомнатиот Лаиновиќ бил во бегство низ Македонија откако во Атина во Грција во двојното убиство на српските криминалци Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ. По убиството тој успеал да избега од Грција, а сведокот во српскиот суд изјавил дека мисли како за продолжување на патот кон Косово „Македонците му издале лажен пасош„.Убиецот Лаиновиќ подоцна е ликвидиран. И двете негови жртви убиени во Атина исто така имале лажни македонски пасоши кои беа опфатени со истрагата за случајот Двојник. Емисијата КОД на Телма лани објави дека убиените имале пасоши со украден идентитет на македонски државјани како дел од 214-те лажни македонски пасоши меѓу кои голем дле завршиле кај криминалци од Србија, Црна Гора, Албанија, Бразил и Британија.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе