Вести Македонија Топ вести

Ден со најмногу дојави за бомби низ училиштата во Македонија

Ден со најмногу дојави за бомби во училиштата во земјава, откако започнаа заканите кон крајот на октомври. Над 50 основни и средни училишта во Скопје и Куманово денеска беа мети на закани по електорнски пат за поставени експлозивни напради. Меѓу нив, 17 основни и 22 средни училишта од главниот град, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР). Осум од основните училишта кои добија дојави се од скопската Општина Аеродром. Според градоначалникот Тимчо Муцунски, евакуацијата предизвикала паника меѓу учениците, но тој апелира на смиреност, зашто во сите училишта од општината се ангажирани лица кои ги обезбедуваат.

„Кога се бара брза евакуација најмладите се загрижени. Зборував и со многу родители, денеска. Апелираме на смиреност , да нема грижа, да нема паника. Општина Аеродром е една од ретките општини во нашата држава која има ангажирана приватна компанија за обезбедување која што ги обезбедува сите училишни објекти 24 часа“, изјави Тимчо Муцунски, градоначалник на Општина Аеродром.

А, во Куманово осум основи училишта и еден клон, но и едно средно училиште добиле закани за бомби. Поучени од случувањата во претходните денови, вели градоначалникот Максим Димитриевски, веќе имале координација со МВР, а во некои училишта биле одржани и вежби за евакуација.

„Ние претходниот ден веќе имавме координација во соработка со МВР и ги известивме сите директори. Дури во некои училишта беа изведени и одредени вежби за евакуација. И денеска во сите училишта беше прекината наставата, каде што имавме вакви пријави и учениците беа експресно евакуирани од менаџерските тимови на училиштата“, вели Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово.

И Димитриевски и Муцунски ги повикаа надлежните да се ангажираат за бргу да се откријат сторителите. Над 110 дојави за поставени бомби се регистрирани за нецели два месеца, откако започнаа да пристигнуваат. До сега само едно лице заработи кривична пријава за тероризам, за лажни дојави за бомби упатени до четири скопски училишта.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осигурителните компании разочарани откако им го укинаа поскапувањето за регистрација

Сашо Чавдаров

Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок – најтажниот ден во годината

Дејан Дејан

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе