Вести Македонија Топ вести

Не ставајте пари во мантилот на лекарите, без подароци за 8-ми март на учителки за подобри оценки на децата, германската амбасадорка до граѓаните за борба против корупцијата

Германската амбасадорка Анке Холштајн денеска порача дека борбата против корупцијата се учи и се применува од најмали нозе до највозрасни жители.

Сите луѓе треба да сфатат дека не треба да стават по некоја банкнота во мантилот на лекарот. Или пак наставничката треба да знае дека не треба да добие подарок за 8-ми март за да ученикот, детето има подобра оценка. Сите треба да научат, од најмалите до највозрасните, како се сузбива корупцијата, истакна амбасадорка Холштајн.

Тоа е тешка борба и не е само за политичарите тулу и за граѓаните, додаде амбасадорката на СР Германија.

Германската амбасадорка по денешното предавање на новата донација за полицијата нагласи дека битката против корупцијата е најважна за граѓаните и за европскиот напредок на државата. На новинарско прашање одговори дека Германија ќе продолжи да помага, но мора да се смени и свеста на функционерите и на граѓаните.

Скандал Флешер: Буши ја пречека германската амбасадорка но се „скри“ од прашања- Спасовски ветува „брзо“ разрешување на 11 дена старата сообраќајка и бара помош

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе