Вести Свет

Полската војска нуди летен камп наместо сезонска работа

Полската војска ја  проширува својата  програма на доброволно служење воен рок и воведува летен камп настојувајки да регрутира хонорарни војници.

Ова лето за прв пат започнува програмата “Одмор со војска” објави денеска полското министерство за одбрана.

На програмата можат да се пријават сите лица од 18 до 35 години кои што имаат полско државјанство.

Воената обука ќе трае 27 дена за што следува плата од 1520 долари.

Обуката се состои од вежби за гаѓање ,теренска ориентација, вежби за блиска борба,  ракување со радиотехника и воени возила.

Лицата кои ќе отслужат доброволен воен рок подоцна можат да станат професионалци војници.

Понудата е првенствено наменета за матуранти но и за студенти и лица кои се во потрага по привремена работа.

Полска во престојните години планира да го зголеми борјот на војници.

Според податоците од полското министерство за одбрана во вооружените сили на Полска моментално има 191.500 војници а во престојните години бројот би требало да се зголеми на 300.000.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гаши за раперските денови: Ја направивме групата без ниту еден денар во џебот, а снимавме во едно студио на заем

Дејан Дејан

Прешова: Собранието да реагира, Талат Џафери не смее да е премиер, во спротивно треба да констатира престанок на неговиот пратенички мандат

Дејан Дејан

Имало правна пракса во собранието за неспоивоста на две јавни функции, но и неоставање на вакуум на битните институции, тврди Гаши

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе