Вести Избори 2024 Македонија

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Поранешниот министер Никола Тодоров во вечерашното издание на Вин-Вин на Телма, оцени дека дебаклот на СДСМ на претседателските и парламентарните избори се должи на ДУИ.

Голем број на обични граѓани си рекоа „гласот за СДСМ сега е глас за ДУИ“, и не само што ова си го рекоа обичните граѓани, туку и добар дел од членовите и симпатизерите на СДСМ тоа си го рекоа. Значи ако ние сега гласаме за СДСМ, на тој начин ние помагаме ДУИ да остане на власт, и тоа беше дополнителен ефект на овој изборен дебакл на СДСМ, во кој што СДСМ падна на трето место, прв пат во историја и загуби од ДУИ. Значи СДСМ за цело време на мандатот губеше заради ДУИ, губеше политички поени, за на крај и резултатски да загуби од ДУИ. И сега ја имаме оваа ситуација во којашто СДСМ можеме да кажеме дека го допреле политичкото дно, и оттука натаму мораат да направат сериозна реформа, ако сакаат да тргнат нагоре, рече Тодоров.

Додаде дека и самиот бил изненаден од оваа убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ, иако резултатот на првиот круг од претседателските избори навестувал дека опозициската партија ќе оствари голема победа.

Можеби не е најдобар резултат во бројки, но е одличен резултат затоа што доаѓа од позиција на опозиција. Значи ВМРО-ДПМНЕ од позиција на опозиција направи ваква победа и тоа е за респект. За очекување беше дека ќе има силна победа, но до волку ни јас не можев да ја проценам, да бидам искрен, но за очекување беше дека победата ќе биде силна. После првиот круг, таа огромна разлика што се направи во првиот круг наговестуваше одличен резултат сега, и наговестуваше одличен резултат на парламентарните избори, рече Тодоров.

Тој ја повтори добро познатата констатација дека во македонското гласачко тело постои една категорија на граѓани коишто гласаат за победникот, и според него на вчерашните избори цела таа категорија отишла во кампусот на ВМРО-ДПМНЕ. Дополнително, што и неопределените гласачи по првиот круг на претседателските избори се охрабриле да гласаат за досегашната опозициска партија.

Осврнувајќи се на историски најтешкиот пораз за СДСМ на едни избори од осамостојувањето на државата, Тодоров порача дека партија мора да се реформира и да се врати на својата идеолошка матрица. За доброто на државата, но и за доброто на ВМРО-ДПМНЕ, потребен е силен СДСМ, смета Тодоров.

Тие или сега од ова дно, што го допреа, ќе извлечат поуки и тотално ќе се реформираат со целосно нова екипа, искусна екипа, којашто како што кажав и минатиот пат ќе се врати на корените, ќе ја постави идеолошката матрица на СДСМ, којашто е изгубена. СДСМ во последните години немаше идеолошка матрица, тие не беа ни социјалдемократи, тие лутаа, значи треба да се вратат назад и оттаму да тргнат. Без силна левица, десницата со овој резултат посебно сега може да има проблем сега, затоа што овој резултат дава страшна моќ и ако нема квалитетна опозиција којашто на некој начин ќе биде контролор на десницата, во таква ситуација ќе има проблем ВМРО. Така да, подобро ќе биде и за ВМРО и за државата да СДСМ што побрзо се реформира, и што побрзо стане ефективна опозиција, порача тодоров.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Конференција во чест на 85 години од раѓањето на Ѓорѓи Марјановиќ на Правниот факултет во Скопје

Дејан Дејан

Предупредувачки протест на стопанствениците од индустриската зона Визбегово против изградбата на асфалтна база

Дејан Дејан

Палестина и Косово не се ист случај, Шпанија по признавањето на Палестина одговара за непризнавањето на Косово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе