Вести Македонија Топ тема

Министерските имиња и владиниот кабинет пред крај на мај- ќе зависи ли и од прегласување

Пред крај на мај нема да има ништо поврзано со поделбата на владините ресори во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“, ни тврди извор на Телма информиран за веќе почнатите преговори.

Преговорите ги пролонгираат и можните прегласувања откако вчера беше објавено дека во ДИК стигнале 27 приговори за три изборни единици и може да има промена во конечниот  резултат. Со приговорите се оспорени најмалку два мандати на ДУИ, и тоа во 5-тата и во 6-тата изборна единица.

Приговорите во ДИК ќе се разгледуваат од утре, а од утре ќе се интензивира и активноста на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и „Влен“. Тие и досега биле активни и се разменувани информации, заеднички се работи, а засебните преговарачки тимови ги водат највисоките партиски претставници кои и се сретнаа вчера во седиштето на „Вреди“.

Денешната инаугурација на Силјановска донесе пауза во споделувањето на информациите за преговорите. Желбите веќе се познати, а „Вреди“ како помал партнер посакува 4 министерски места. Се спомнува и местото претседател на Собранието, но официјалните партиски претставници на двете страни ни одговорија дека досега ништо не е договорено, ниту ресорска поделба ниту имиња на министри.

И двете партии ќе имаат сопствени стручни тела за борба против корупција кои ќе соработуваат, ни тврди извор од повеќеглавата коалиција Вреди.

Телма разговараше и со лидерот на Демократско движење, Изет Меџити дали тој се смета за кандидат за нов министер за внатрешни работи, а тој ни одговори дека таквата шпекулација била пуштена меѓу двата изборни круга за да се спречи дивеење на членови на ДУИ во албанските средини.

Шеф на дипломатијата и вицепремиер за евроинтеграции се позиции кои се сигурни за ВМРО-ДПМНЕ и првично како кандидати за тие позиции се спомнуваат партиските потпретседатели Тимчо Муцунски и Александар Николоски. Од друга страна, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, последното министерство формирано кое го води Артан Груби, ќе биде дел од ресорите наменети за коалицијата „Вреди“.

Нови партнери во владина коалиција засега нема, а меѓу двата изборни круга се спомнувало и учество на трет партнер. Но, на парламентарните ВМРО-ДПМНЕ доби 58 мандати, а заткулисно се водат преговори со други пратеници, а идниот мандатар Христијан Мицкоски веќе изјави дека стигнале до бројка од 61 пратеник.

Миомир Серафиновиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нов чекор на Ереван за оддалечување од Москва – парламентот на Ерменија гласаше за членство во ЕУ

Дејан Дејан

ДУИ бара интернационална комисија за трагедијата во Кочани

Дејан Дејан

Tепаше жена во живо на „ТикТок“ – приведен насилник од Радовиш

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе