Во битка за мандатот кој целата изборна ноќ шеташе од СДСМ кон ДУИ и на крај заврши со 4-тиот мандат во ИЕ 5 за бизнисменот Исмаил Јахоски од ДУИ, ќе има и приговори до Државната изборна комисија.
Претставници на ЛДП (дел од коалицијата предводена од СДСМ) за Телма потврдија дека се подготвуваат приговори до ДИК со кои ќе се бара поништување на резултатите на 30-тина избирачки места и прегласување поради различни прекршувања на изборните правила.
Станува збор за избирачки места во Кичево, Битола, Струга.
Во 5-тата изборна единица (Битолско-Охридско-Струшка) е намала разликата за последниот дваесети мандат доделен по Донтовиот пропорционален модел. Разликата е 109 гласови односно само 27 гласа по Донтовиот количник за 20-тата позиција. Блиску до 20-тиот пратеник е и ВМРО-ДПМНЕ кои веќе освоија 10 пратеници во оваа изборна единица. На нив, за мандат во „петка“ им фалат 374 гласа.
Последниот мандат го доби Исмаил Јахоски од Пласница, кој е член на ДУИ и е основач на компанијата Пуцко Петрол. Доколку коалицијата на СДСМ го добиеше мандатот, 4-ти на листата е Боби Мојсоски од ЛДП.