Вести Магазин Наука и здравје

Потребата од физичка активност како дел од секојдневнието на човекот

,,Улогата на физичката активност допринесува до добра здравствена состојба” е главнo мото и цел на Светскиот ден на физичката активност што се одбележува на 10 мај започнувајќи од 2002 година.

Сите од нас е нужно да имаме редовна физичка активност, а од Институтот за јавно здравје велат дека придобивки се видливи и неизбежни, ако се имплементираат во секојдневната рутина.

,,Физичката активност е дефинирана како секое телесно движење произведено од мускулно-скелетниот апарат, кое троши енергија и е важно за подобрување и одржување на општата здравствена состојба на секој поединец. Физичката активност е битна за многу форми на управување со болката. Повеќето упатства за акутна мускулно-скелетна болка се фокусираат на совети за зголемување на физичката активност. Најефективните третмани за постојаната мускулно-скелетна болка се однесуваат на физичката активност или онаму каде што таа е доминантна компонента  Неколку биолошки механизми може да бидат одговорни за тоа, како физичката активност може да ја намали болката, или да спречи повторување на болка.

Активниот начин на живот ги зголемува силата и кондиција, а учествува и  во намалување на воспаление во организмот. Може да ја подобри психолошката благосостојба, со тоа што ќе се намали стресот, анксиозноста и депресија, како и квалитетот на сонот.

Сепак многу луѓе имаат недоволно знаење за важноста на физичката активност која понатау се рефлектира врз личното здравјето.

,,Вообичаено, луѓето веруваат дека движењето е опасно кога некој има болка и треба да чекаат болката да се намали пред да се активираат. Овие митови треба да се отфрлат и да се поттикнат луѓето да имаат физичката активност. За намалување на болката, ниту еден вид физичка активност не е посупериорен во однос на друг. На пример, пешачењето, возењето велосипед, јогата и така натаму, имаат слични ефекти врз нивото на болката и инвалидитетот. Клучниот фактор е придржувањето, па затоа е многу важно секој поединец да избере активност во која ужива. Секаков вид физичка активност е корисно, но, таа не е широко прифатена во нега на клиничката болка.” истакнуваат од ИЈЗ.

Kампањата „Во движење“ (On the move), на Европската федерација за болка, се имплементира ширум, а преведена е на повеќе од 10 јазици, со цел да им укаже на луѓето, за важноста на редовната физичка активност.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јаулески во „Топ тема“: Не би влегувал во теории на заговор дека некој некому би сакал нешто да му земе

Дејан Дејан

Сејдиу од коалиција „Вреди“: Ние од секогаш сме имале сомнежи во ДУИ

Дејан Дејан

Путин назначи нов заменик министер за одбрана

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе