Ракомет Спорт

РФМ: Благодарност до цела македонска ракометна јавност

По вчерашниот пласман на машката сениорска репрезентација на Македонија на Светското првенство во 2025 година, Ракометната федерација упати голема благодарност до целокупната јавност за подршката на синоќешниот натпревар против Фарски Острови.

Во продолжение во целост ви го претставуваме соопштението на РФМ до јавноста.

„Благодарност до македонската ракометна јавност

Почитувани ракометни пријатели,

Ракометната Федерација на Македонија упатува голема благодарност до сите кои безрезервно дадоа подршка на машката македонска сениорска репрезентација во спортскиот центар „Борис Трајковски“, за победата против селекцијата на Фарски Острови, дополнително благодарност и до сите останати кои го следеа натпреварот и ги бодреа нашите ракометари пред малите екрани.

Во рамките на своите програмски определби, Ракометната федерација на Македонија како приоритет број 1 ги има промоцијата и унапредувањето на македонскиот ракометен спорт во меѓународни рамки. Во текот на репрезентативните квалификациски циклуси/баражи и утврдени натпреварувачки системи од EHF/IHF во машка и во женска конкуренција за сите возрасни категории, националните селекции обезбедија учество на следните завршни турнири на континентално и на мундијално ниво:

  1. ЖЕНСКА СЕНИОРСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА Women’s EHF EURO 2024 (AUT/HUN/SUI) 28.11.2024-15.12.2024
  1. МАШКА СЕНИОРСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА IHF Men’s World Championship 2025 (CRO/DEN/NOR) 14.01.2025 – 02.02.2025
  1. ЖЕНСКА МЛАДИНСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА IHF WOMEN’S JUNIOR WORLD CHAMPIONSHIP 2024 (MKD) 19.06.2024-30.06.2024

  2. МАШКА МЛАДИНСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА Men’s 20 EHF EURO 2024 (SLO) 10.07.2024- 21.07.2024
  3. МАШКА КАДЕТСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА Men’s 18 EHF EURO 2024 (MNE) 07.08.2024- 18.08.2024

Честитки до сите ракометари и ракометарки, и до членовите на стручните штабови на сите македонски ракометни селекции !

Вие сте наша гордост !!!

Со почит ,

Ракометна Федерација на Македонија“.

 

Фото: Игор Паневски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбојкарите безбедно слетаа во Скопје: Посилни сме од громовите

Дејан Дејан

Вардар потпиша со украински репрезентативец

Дејан Дејан

Барди дефинитивно нема да игра против Хрватска и Чешка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе